Тахири: Могерини влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот

Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека Високата преставничка на Европската унија (ЕУ) Федерика Могерини до пред една година ги застапувала европските принципи на Балканот, но потоа тие принципи ги прекрши и „влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот“.
Тахири за весникот „Зери“ изјави дека неколку пати се сретнала во Брисел со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, при што стекнала различни впечатоци за петгодишниот ангажман на Могерини на чело на европската дипломатија.
– Според моето искуство со госпоѓа Могерини, таа до пред една година беше во одбрана на европските принципи на Балканот, што подразбираа дека шесте балкански земји, вклучително и Косово, треба да станат членки на ЕУ. Меѓутоа, што се случи последната година и зошто таа ги прекрши европските принципи и влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот, тоа не го разбирам, изјави Тахири.
Ново на Сител
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Облачно и топло со утринска магла
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
