Тагата не престанува: Единствен лек за мајката на Маринко е внуката
Поранешната жена на Маринко, Дубравка Мијатовиќ секој ден ја носи нивната ќерка кај Мирјана за, барем малку да и ја олесни болката за прерано починатиот син.
Мајката на Маринко Маџгаљ ни година дена по неговата смрт не може да се помири со тоа дека синот и починал. Поранешната сопруга на актерот Дубравка Мијатовиќ секојдневно ја носи осумгодишната ќерка Сара кај бабата за да и помогне полесно да ја преброди загубата на синот.
Мајката на Маринко во својата внука пронаоѓа утеха, па покрај неа повторно се обидува да се насмее, иако срцето и се кине од тага.
-На мајката на Маринко Мирјана и на таткото Велизар животот повеќе не им е ист. Многу патат и не поминува ден а да не заплачат. Посебно во разговорите во кои нивниот син е постојано присутен. Да не им е ќерката Љубица и внуката Сара, нивниот живот би немал никаква смисла. Во овие моменти најголема радост им е ќерката на актерот. Единствено таа успева, барем малку да им измами насмевка на лицата. Во неа го гледаат Маринко и тоа им е најголема среќа. Поради неа и останаа во Белград, не се враќаат во родниот Котор, вели изворот и додава:
-На Дубравка исто така не и е лесно, таа ги теши родителите на Маринко, но и Сара која рано остана без татко. Мирјана со внуката поминува многу време. Таа и е единствен лек. И Маринко најмногу сакал кога семејството му е заедно, завршува изворот.
Маринко Маџгаљ почина на 26. март минатата година, во 37. година. Година дена пред тоа му беше дијагностициран рак на панкреасот, поради што итно беше опериран. За жал не успеа да се избори со опасната болест. Погребан е во Белград.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје