Тага: Ќерката на Јелена ја чекала мајка си за Велигден, еве што и подготвила
Месец дена по бруталното убиство на пејачката на Гранд Јелена Марјановиќ, јавноста со несмален интерес го очекува епилогот и апсењето на убиецот, додека нејзината петгодишна ќерка Јана и натаму е уверена дека мајка и е се уште жива и дека ќе и се врати.
Малата Јана на Велигден била многу тажна, и одвоила едно велигденско јајде за својата мајка и постојано повторувала: „Ја чекам мојата мајка да дојде, офарбав јајце само за неа!“
-Ќеркичката на покојната Јелена за Велигден беше во кругот на семејството Марјановиќ. Сите ја опсипуваат со љубов и се обидуваат на секој можен начин да ја забавуваат и да и го одвратат вниманието со разни игри, иако таа е тажна и ја бара својата мајка. Се радува само на кратко на посетата на својата баба Зорица, мајката на Јелена и потоа повторно праѓува кога ќе се врати мајка и. Тажно е да се гледа страдањето на тоа дете. На сите им се кине срцето кога ќе го праша таткото или дедото: „Кога ќе се врати мајка ми?“ и со големо внимание го слуша секој нивни одговор, вели соговорник близок до семејството Марјановиќ.
Животот на ова семејствот се претвори во пекол по смртта на пејачката.
-На сите малечката Јана им е најголема грижа. Ги слушаат советите од психологот како да постапуваат со неа и како да ја заштитат од стресните ситуации на кои целото семејство секојдневно е изложено. Смртта на родителот е најразорен стрес кој дете може да доживее. Малата Јана најмногу трча по таткото, само го гушка и бакнува. Детето стравува дека и таткото, по загубата на мајката може некаде да отиде. Зоран се труди што повеќе да биде со ќерката, да и одговори на секое прашање и барем некое време да ја поштеди од болната вистина, вели куќен приајтел на семејството Марјановиќ кој најмногу се потресол кога ја видел Јана како ја носи во прегратка сликата од својата мајка.
Ново на Сител
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападна девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
-
Населба Влае без вода за пиење