Тага каква не се памети: За Дијана, нејзината мајка и стрико плачеше и старо и младо

Неопислива тага и болка владеат денеска во Ново Милошево. Околу 600 жители од, во црно завиеното село кај Кикинда, се простија од Дијана Станаќев (21) и нејзината мајка Етелка (46) од Ново Милошево. На вечна починка веше испратен и деверот на Етелка и стрико на Дијана, Радован Станаќев (53).
Тие во неделата загинаа при враќање од болницата во Зрењанин, каде биле во посета на болниот Лазар Станаќев. Несреќниот човек за момент остана без ќерката, сопругата и братот. Во тешка жал и јад се завиени две семени куќи на унесреќеното семејство Станаќев.
Кога во делот од главната улици, двете поворки се стопија во една непрегледна, сите се упатија кон православната црква, каде се служеше опело.
-Ваква трагедија Ново Милошево не памети. Нешто непредвидено се случи на таа раскрсница. Можеби му отказало возилото на Радован при свртувањето. Што се случи знае само возачот на „тојотат“ кој се судри со нив, велат мештаните.
Соседите имаат само пофални зборови за браќата Станаќев.
-Беа тоа добри и вредни луѓе. Нивниот татко Бране беше главен мајстор за поправка на земјоделската механизација во селото. Дедото Лазар прв во селото поседуваше парна машини. Не боли срце за Етелка и за младата Дијана. Пред неа беше животот...Каква трагедија е ова за семејството, посебно за нашето село, велат тие.
Од куќата до црквата,а потоа и до гробиштата во тажната поворка чекореа најблиските на загинатите како и селскиот црквен хор кој ги испрати тројцата членови на семејството Станаќев, а по желба на нивните семејства. Кон вечното почивалиште младата Дијана ја испратија и колегите од новосадскиот ПМФ. Таа беше погребана во цел ковчег.
Инаку на местото од магистралниот пат Кикинда - Зрењанин, претходно немало сообраќајни несреќи, посебно не со ваков трагичен исход.
Ново на Сител
-

Приведен насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка
-

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника - уверува министерката Димитриеска-Кочоска
-

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира
-

18 годишник по расправија со нож тешко повредил сограѓанин во Тетово
-

Во тешка сообраќајна несреќа загина возач кај Демирхисарско
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога

