Џет-Сет
1. March 2017 - 12:49

Тага и очај меѓу екипата на „Вљубениот ерген“- почина еден од актерите

Животот сепак не е толку убав и розов како во сценариото на хит серијата „Вљубениот ерген“.

Актерската екипа се прости од својот колега и драг пријател кој во филмот ја играше улогата на мајсторот Сардри и најважниот човек во животот на Омер.

Турскиот актер Ајберк Атила почина на 71 годишна возраст по подолго боледување од рак на мочниот меур.

Најблиските, колегите и пријателите го испратија во вечниот дом на 22 јануари и за последен пат се поздравија од ова големо турско актерско име.

Атила долго време се борел со болеста и го задржал ентузијазмот и вербата дека ќе закрепне се до смртта.