Тага до небо, девојче ненадејно умре: Побара цртан и не напушти засекогаш

Девојчето според зборовите на лекарите и роднините добила варичела и висока температура пред неколку дена, но во вторникот наутро нагло и се слошило. Родителите ја однеле во Здравствениот дом во тешка состојба од каде итно ја транспортирале до Клиничкиот центар. Во текот на транспортот почнала реанимацијата, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
На вечното почивалиште со кукла
Починатото девојче е погребано на Новите гробишта во Ниш со омилената кукла која е положена во гробот врз малечкиот бел ковчег. Кон вечното почивалиште ја испратија неколку стотици роднини и пријатели кои постојано плачеа.
Ненадејната смрт на девојчето со ангелски лик го шокираше Ниш. Што е причината за смртта ќе се знае по пристигнувањето на резултатите од обдукцијата.
-Стана вчера во 5.30 часот и побара да го гледа омилениот цртан филм. Во меѓувреме толку и се слоши што околу 7.30 часот не можеше да стои на нозе. За два часа почина. Лекарите направија се што можеа, вели кумот на девојчето Саша Ранѓеловиќ.
Роднините се шокирани, никој не можеше да претпостави дека ова ќе се случи.

-Кое дете умрело од сипаници? Имаше неколку дена температура 38, 39 степени Целзиусови, која растеше и паѓаше како што оди тоа со сипаниците. Ден пред трагичното случување дури мислам дека и се спушти температурата на 37 степени. Тоа утро стана рано. Рекла: „Тато пушти ми цртани“. Тогаш и се слоши и според зборовите на родителите, повикале Итна помош да се консултираат. Ги советувале да одат во Здравствениот дом кај педијатар...Страшно е тоа што се случи, беше здраво и уредно дете. Колку што знаеме, сите вакцини ги имаше примено, вели вујкот на девојчето Ненад Стаменковиќ.

Директорот на Здравствениот дом Милорад Јеркан вели дека родителите таму првпат се јавиле на 26 март поради осип и температура. Родителите повторно го донеле детето на 29 март во 9.05 часот во претшколското одделение за педијатрија на Здравствениот дом.
-Родителтие веднаш го внесоа детето на преглед и имаше поплавени усни, изменета боја на кожа во пределот на колената до голем подлив. По приемот детето дефецирало и уринирало и загубило свест. Веднаш почнале со реанимација, навела докторката Снежана Ивановиќ која ја примила.

Погребана на денот пред роденденот на братот
Кумот на девојчето Саша Ранѓеловиќ вели дека таа била здраво дете и дека немала никакви проблеми. „На нејзиниот брат му е роденден на 31 март, но во неделата ја одложија планираната прослава зошто девојчето имаше температура, вели Саша. „Денеска ја погребуваме, а утре нејзиниот брат полни 2 години. Ене цело утро ја бара“, вели вујкото Ненад Стаменковиќ.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа