Тачи: Специјалниот суд е историска неправда кон ОВК и Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека формирањето на Специјалниот суд за наводни извршени злосторства од страна на поранешни високи офицери на Ослободителната војска на Косово претставува историска неправда кон Косово и ОВК.
- Реално она што го мислев во 2015 година, го мислам и денес. Специјалниот суд е историска неправда кон Косово и ОВК, истакна Тачи во интервју за ТВ Клан Косово.
Тој нагласи дека не згрешил што пред една и пол година го прифатил формирањето на судот, бидејќи тоа било наложено од страна на меѓународната заедница, во спротивно ќе биле преземени драстични мерки кон Косово.
- Не постои суд кој може да ја повреди, ниту да ја навреди мојата борба за слобода и независност на земјата. Тоа беше меѓународна принуда и ветување од меѓународната заедница дека Косово побрзо ќе се движи кон формирање Војска на косово, кон визна либерализација, зачленување во УНЕСКО, Интерпол и поднесување барање за членство во Советот на Европа, додаде косовскиот претседател, потенцирајќи дека ветувањата не се исполнети.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости