-->
-->
Тачи реизбран за претседател на ДПА
-->

Тој пред присутните истакна дека ДПА во периодов што следи ќе се залага да се имплементира Договорот за името со Грција кој, како што рече е основен услов за Македонија да се интензивира во евроатлантските интеграции.
- Договорот со Грција е многу важен за Албанците, затоа што сме ние и за ЕУ и за НАТО. Сега во Македонија многу луѓе велат и мислат дека договорот нема да помине. Јас само можам да им порачам да бидат мирни, затоа што овој Догвоор ќе помине со оглед на фактот дека тој е најголемата капитална инвестиција на државата, а ние сме на границата на егзистенција и само со него односно со влез во ЕУ и НАТО можеме да опстанеме, рече Тачи.
Тој смета дека Албанците сеуиште ги немаат остварено основните права, пред се во економска смисла, затоа што според него, одлуките во државата не се донесуваат консензуално, нема рамноправна распределба на буџетот, а општините се децентрализирани во политичка, а не во фискална смисла.
- Многу албански граѓани гласаа за СДСМ односно за македонска партија. Јас сега ќе ги прашам дали живеат тие подобро. Не, Албанците во економска смисла живеат многу лошо. И можеби како Албанци имаме индивидуална благосостојба, но немаме колективна благосостојба. Бадијала ќе ни биде интегрирањето во евроатлантските структури ако во државата немаме консензуален начин на донесување одлуки, како што е и во ЕУ, рече лидерот на ДПА, Тачи.
За време на седмиот конгрес го избра новото претседателство на партијата. Беа избрани нови пет потпретседатели. Имер Алиу беше избран за нов генерален секретар на партијата, а Илјаз Халими за пртседател на Централно собрание.
Беше изгласана и резолуцијата на паратијата која во себе има неколку точки, пред се за побрзо членство на Македонија во ЕУ и НАТО и целосна еднаквост на Абланците во системот преку механизам на целосен конзензус во донесување на одлуките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите