Тачи разочаран го критикува Брисел и најавува протести
Еден ден откако силно го критикуваше недостигот на добра волја на Брисел на Приштина да и одобри визна либерализација, заменик премиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи разочаран ги повика граѓаните на протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина.
Тачи тврди дека против неправдата ќе протестираат „два милиони луѓе“ и дека оваа одлука ќе ги доведе во прашање „тековните процеси“, вклучувајќи го и спроведувањето на Бриселскиот договор, јавија приштинските медиуми.
Тачи синоќа одлуката на Брисел ја нарече „дискриминаторска“ и рече дека претставува ветер во грб на екстремистите на Косово.
- Секој жител на Косово има право да биде разочаран и навреден, рече Тачи, најавувајќи „марш на милиони“ пред канцеларијата на ЕУ во Приштина.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер