Тачи: Меѓународната заедница уште пред три години знаеше за косовската војска
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека трансформацијата на безбедносните сили во војска на Косово не може да се смета за едностран чин, бидејќи и домашната и меѓународната јавност уште пред три години знаеле дека Косово работи во овој правец.
Изјавата на Тачи доаѓа по изјавата на американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, кој побара од косовските власти веднаш да запрат со активностите околу трансформацијата на БСК во војска на Косово.
Тачи потсетува дека испратил писмо до Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое накусо му ги претставил сите уставни, законски и политички аргументи за потребата од трансформација на БСК во војска на Косово и му објаснил зошто таа трансформација треба да се случи токму сега.
Оваа активност, вели Тачи, не може да се оцени како еднострана само затоа што некој од меѓународната заедница алудира дека Косово треба да добие дозвола од Србија за негови суверени одлуки и нагласува дека тоа никогаш нема да се случи.
Тачи, според „Коха диторе“, ги обвинил меѓународните претставници што не успеале да ја убедат „Листа српска“ во врска со ова прашање.
Инаку, како што изјави владиниот портпарол, Бајрам Гецај, прдлог законот за трансформација на БСК во војска на Косово Владата ќе го процесуира до Парламентот во текот на овој месец и оти потоа „легислативата е таа која ќе одлуи кога ќе биде ставен на гласање“.
Ново на Сител
-
Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „Ју-Ес Стил“ на јапонскиот „Нипон Стил“ е неразбирлива
-
Барселона доби одобрение од Ла Лига да ги регистрира Олмо и Пау Виктор
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром
-
Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот