Тачи: Косово е во нова фаза во дијалогот со Србија
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово има стабилни институции и оти е во нова фаза од дијалогот со Србија.
- Косово има стабилни институции и е во една нова фаза од дијалогот со Србија. Благодарам за позитивната порака на евокомесарот Јоханес Хан за косовската политика, изјави синоќа Тачи.
Според него, како што јави дописникот на МИА, препораката за визна либерализација не е подарок, туку заслуга за инситуциите на Косово.
- Верувам дека визната либералзиаиицја ќе биде што побрзо.Тоа не беше подарок, туку заслуга на инситуциите на Косово, изјави Тачи.
Хан, кој вчера претсојуваше во Приштина, изјави дека сите политички партии треба да учествуваат значајните процеси за земјата.
Тој, според приштинскиот весник „Експрес“, порачал дека без решавање на неколку прашања, меѓу нив и прашањето за демаркацијата на границата со Црна Гора, нема либерализација за граѓаните на Косово.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати