Тачи: Иванов не може да го запре официјализирањето на албанскиот јазик
Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише указот за Законот за јазиците е „производ на надминат менталитет“. Во интервју за Дојче веле Тачи го критикува својот македонски колега, кој се изјасни дека Законот за јазиците, така како што беше усвоен, содржи многу пропусти и неправилности. Иванов деновиве на 14 страници образложи што смета дека е во спротивност со Уставот и со Рамковниот договор во донесениот закон.
Тачи вели дека „високо го цени гласањето за официјализирање на албанскиот јазик“ во парламентот. Но одлуката на Иванов ја смета за „жална“.
-Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење, вели Тачи во интервјуто за ДВ.
Косовскиот претседател е убеден дека законот ќе биде донесен и тоа, според него, никој не може да го сопре.
-Дефинитивно, таа одлука помина и не може да се запре, без оглед на ставот на еден политичар, или носител на некоја функција, вели Тачи.
Иванов смета дека Законот за јазиците е дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Тој не се согласува со одредбите за двојазичност на поштенските марки, бандеролите и уплатниците, ниту со употребата на симболи од културното наследство на Албанците на книжните и кованите пари и на поштенските марки. Иванов нема забелешки на двојазичноста на униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите во Скопје и општините во кои Албанците сочинуваат над 20 проценти од населението.
Интервјуто може да се проследи ТУКА.
Ново на Сител
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
-

Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
