Loading Video...
Свет
23. December 2021 - 12:21

Таблетата на Фајзер од денеска одобрена за лекување на Ковид-19

Таблетата на Фајзер, Паксловит од денеска е одобрена како регуларен лек против Ковид-19.

Од американската агенија за лекови која даде зелено светло да се користи овој антивирусен лек, велат дека ова е важна фаза во борбата против пандемијата и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат безбеден третман.

- На овој начин обезбедивме средство за борба против Ковид-19 во важен момент за пандемијата кога се појавуваат нови соеви, велат од ФДА.

Со Паксловит би требало да се лекуваат пациенти над 12 години кои се позитивни на коронавирусот и имаат благи до умерени симптоми. Лекот во САД ќе биде бесплатен и ќе се дава само на рецепт. Американската Влада досега купила 10 милиони пакувања од лекот за 5,3 милијарди долари.

Претседателот Џо Бајден соопшти дека првите 250 илјади дози ќе бидат достапни во јануари.