СЗО: Жена од Кина прва жртва на тип птичји грип
Жена од Кина стана првата личност која почина од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Сите индикации се дека овој вид не се шири меѓу луѓето.
Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која се знае дека е заразена со подсојот Х3Н8 на птичјиот грип, пишува Гардијан.
Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.
Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.
Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.
Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира кај големи јата диви птици.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница