СЗО: Вирусот зика претставува огромен предизвик
Вирусок зика претставува огромен предизвик со кој ќе биде тешко да се избориме, предупреди генералната директорка на СЗО Маргарет Чан.
– Кризата би можела дополнително да се влоши пред да настапи подобрување, изјави таа на крајот од посетата на Бразил, „епицентар“ на светската појава на вирусот зика.
Чан додаде дека дел од предизвиците за борбата против вирусот претставува фактот што зика „е толку митериозен“ што не е докажан во целост ниту причинителот.
– Овде имаме работа со вирус што e многу упорен, многу тежок и што носи целосна неизвесност така што треба да бидеме подготвени за изненадувања, истакна таа.
Бразил има најголем број заразени со тој вирус – 1,5 милиони, а голем е и порастот на бројот на случаи на бебиња родени со микроцефалија. Рио де Жанеиро во август ќе биде домаќин на Олимписките игри.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата