СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер

Три лица починаа, а три други се заразени во сомнителна епидемија на хантавирус на мал крузер во Атлантикот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО на Х објави дека еден пациент е на интензивна нега во Јужна Африка. Двајца од починатите се холандски државјани, според холандското Министерство за надворешни работи.
Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. Инфекцијата обично се јавува преку изложеност на урина, измет или плунка од заразени глодари.
Преносот од човек на човек е редок, соопшти СЗО.
Еден од случаите досега е лабораториски потврден, додека преостанатите инфекции сè уште се класифицирани како сомнителни. Сите останати патници и членови на екипажот добиваат медицинска помош, додаде СЗО. Во тек е детална епидемиолошка истрага.
Според извештајот на Би-Би-Си, бродот е „Hondius“, со кој управува холандската компанија „Oceanwide Expeditions“, со капацитет за 170 патници и околу 70 членови на екипаж.
Податоците за следење и информациите за патувањето укажуваат дека бродот тргнал од Ушуаја во јужна Аргентина, а последен пат бил лоциран кај Зеленортските Острови (Капо Верде), во близина на неговата дестинација.
МИА
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
