-->
-->
СЗО: Светот останува без ефикасни антибиотици, инфекциите сѐ поотпорни
-->
Во светот недостигаат ефикасни антибиотици поради зголемената отпорност на болестите на лекови, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО предупредува дека нема доволно нови антибиотици, чиј развој е во тек, за да можат да се лекуваат најотпорните инфекции, како што е туберкулозата, од која умираат речиси 250.000 годишно.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Хебреус, изјави дека антимикробната отпорност е „итен случај од глобални размери", кој сериозно ќе го загрози напредокот на модерната медицина.
- Итно е потребно поголемо инвестирање за истражување и развој во областа на лекување инфекции отпорни на антибиотици, вклучувајќи ја и туберкулоза. Во спротивно, ќе се вратиме во времето кога луѓето се плашеа од вообичаени инфекции и ќе биде ризично човек да се изложи на мал хируршки зафат, рече Хебрејезус .
Од СЗО соопштија дека има 12 класи на патогени кои се одговорни за вообичаени инфекции, како што се воспаление на белите дробови или инфекции на уринарниот тракт, кои се повеќе се отпорни на постојните антибиотици.
Од 51 нов лек, кои моментално се развиваат, СЗО само осум ги оцени како иновација во лекувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси