СЗО: Ставете ги контактите во изолација
Во ек на вториот бран на пандемијата на коронавирусот и наглиот пораст на бројот на заразени во Европа и САД, шефот на службата за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан упати порака до властите: ставете ги контактите во изолација.
– Ако имав право на една желба, со цел да подобриме само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на Ковид е во карантин за потребниот период, да се скрши ланецот на пренесување, рече Рајан на прес-конференција во Женева.
Според него, тоа не е направено ниту се прави на систематски начин и тоа е една од главните причини што има толку високи бројки.
– Околу половина од земјите во европскиот регион на СЗО минатата недела забележаа 50 проценти зголемување на бројот на инфекции, рече Рајан.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце