СЗО: Позитивните тестови кај излекуваните од Ковид-19 повеќе се поврзани со заздравувањето отколку со повторна инфекција

Појавените случаи на болни од Ковид-19 кои биле прогласени за излекувани, а потоа повторно имале позитивен наод, всушност се поврзани со клетките кои останале во белите дробови по излекувањето, информира Светската здравствена организација (СЗО).
Француските медиуми наведуваат дека тоа, се чини, ја отфрла можноста дека станува збор за повторна инфекција.
Пред неколку недели десетиците случаи со излекуваните јужнокорејски пациенти, кои имале позитивен наод, покренаа серија прашања и станаа причина за вознемиреност. Без да ги споменува јужнокорејските случаи, СЗО соопшти дека е информирана за овие пациенти.
„Во согласност со тоа што го знаеме, а врз основа на најновите податоци, пациентите, се чини, го исфрлаат материјалот што останал во нивните бели дробови, во рамки на нивното заздравување”, забележа СЗО.
„Треба систематски да ги собираме тестовите за да сфатиме колку долго посочените пациенти се носители на живиот вирус“.
Пред неколку дена Марија ван Керков од СЗО уверуваше дека мртвите клетки во белите дробови се причина за ваквите позитивни тестови.
-Не станува збор за заразен вирус, ниту за повторна инфекција или реактивирање. Тоа е дел од процесот на заздравување, рече таа.
Иако истражувањата покажуваат дека кај заразени лица се појавуваат антители три седмици по заболувањето, тоа не дава одговор на важни прашања – дали сме имунизирани по заразувањето со новиот коронавирус, а ако одговорот е да, до колкав степен и за колкав период?
Ново на Сител
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
