СЗО: Пандемијата е далеку од помината, ОН: Постои ризик за радикализација на децата на интернет

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди дека пандемијата на новиот коронавирус не е помината и дека е „длабоко загрижен“ заради нарушување на нормалните здравствени услуги, особено за децата.
– Пандемијата не е помината, рече Тедрос, додавајќи дека СЗО се наоѓа во опасност од зголемување на стапката на зараза во Африка, Источна Европа, Јужна Америка и некои азиски земји.
– Имаме многу долг пат пред нас и треба да завршиме уште многу работа, додаде тој.
Шефот на СЗО додаде дека има извештаи за недостаток на вакцини за други заболувања во 21 држави, како резултат на ограничувања поврзани со пандемијата.
Гебрејесус истакна дека светот треба да го послуша внимателно СЗО затоа што организацијата соопшти 30 јануари за вонредна здравствена состојба поради новиот коронавирус. Во тоа време, надвор од Кина, имаше 82 случаи на инфекција, и ниту еден смртен случај.
Од своја страна, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, објави дека повеќе од 1,5 милијарди деца ширум светот не одат на училишта и поминуваат многу време на интернет заради пандемијата со новиот коронавирус, со што се зголемува ризикот да бидат регрутирани од екстремистички групи. Тој истакна дека „младите се соочувале со огромни тешкотии“ пред пандемијата, но сега ситуацијата значително се влошила.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
