СЗО: Коронавирусот ќе биде ставен под контрола за две години
Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација.
Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта.
„Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години“, се наведува во соопштението.
Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.
СЗО исто така смета дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана заразен на ист начин.
„Човечките вируси можат да напредуваат, да станат помалку или повеќе патогени. Врз основа на сегашната евиденција, на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети”, наведува СЗО, додавајќи дека промените кај вирусот постојано се следат.
Според Светската здравствена организација, иако Ковид-19 е нов вирус сега се знае многу за него.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228