-->
-->
СЗО ќе ја проценува опасноста од зика за Олимпијадата во Рио
-->

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Чан најави дека ангажирала група експерти кои треба да проценат дали е потребно одлагање или откажување на Олимписките игри, што во август треба да се одржат во Рио де Женеиро, поради опасноста од вирусот зика,
- На ваквиот чекор се решив поради нивото на загриженост кое владее во меѓународната заедница, изјави синоќа Чан.
Ваквата одлука на Чан следи по иницијативата на над 150 научници од 29 земји кои повикаа на одлагање или преместување на Летните олимписки игри во Рио во „интерес на јавното здравје“.
СЗО досега во четири наврати испраќаше свои експери во Брсзил за прибирање на податоци и утврдување на степенот на опасност од вурусот зика за спорисити и гледачите на Олимпијадата.
Чан нагласи дека последните податоци во врска со ова прашање се прибрани во текот на мај, но најави дека наскоро СЗО ќе излезе со нов извештај за ризиците од зика по учесниците на Олимпијадата.
На Летните олимписки игри во Рио де Женерио, што ќе траат од 5 до 21 август, се очекува учество на околу 10.000 спортисти, но и присуство на над 500.000 туристи и гледачи од целиот свет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
