СЗО: Итно формирање безбедносни коридори во Алепо за евакуација на болни и ранети
Светската здравствена организација и Црвениот крст повикаа на формирање безбедносни коридори за евакуација на болни и ранети од источниот дел од Алепо за да им се пружи лекарска помош.
Сириската армија минатата недела тргна во офанзива на Алепо со помош на руски воздушни сили и шиитски милиции.
СЗО наведува дека во градот моментно има само 35 лекари на повеќе од 250.000 жители.
Провладините сили нападнаа денеска делови од Алепо под контрола на опозицијата на неколку фронтови во рамки на досега најголема копнена офанзива.
– СЗО бара итно воспоставување хуманитарни рути за да бидат евакуирани болни и ранети од источниот дел на Алепо, соопшти портпаролка на СЗО.
И сириски лекари соопштија вчера дека итно им се потребни медицински залихи за да им помогнат на стотина ранети. Тие додаваат дека е итно потребна евакуација на најмалку 40 ранети.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари