СЗО: ОН бараат начини да ги евакуираат пациентите од Ал Шифа, но опциите се ограничени
Обединетите нации разгледуваат начини за евакуација на пациентите од болницата Ал Шифа во Газа, но опциите се ограничени поради безбедносни и логистички пречки, изјави денеска Рик Бренан, висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО).
-Една пречка е што палестинската Црвена полумесечина нема доволно гориво за амбулантните возила да ги евакуираат пациентите, изјави Бренан за британските медиуми.
Тој од Каиро, каде во моментов се наоѓа, кажа дека Египет е подготвен да испрати свои амбулантни возила во Газа, да помогне во евакуација на луѓето, се додека има безбедносни гаранции и безбедно поминување.
СЗО верува дека во болницата Ал Шифа има околу 600 пациенти, од кои 27 критични.
По повеќе дневна опсада, вчера во најголемата болница во Газа упадна израелската армија, додаде Бренан.
-Размислуваме за целосна медицинска евакуација, но таму има голем број безбедносни и логистички пречки. Нашите опции се ограничени, но се надеваме дека ќе имаме подобри вести во следните 24 часа, рече Бренан.
Приоритет ќе имаат лицата во критична состојба и 36 новороденчиња, кои немаат пристап до инкубатори, бидејќи нема гориво, рече претставникот на СЗО.
Ново на Сител
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
-

Отповикана утрешната расправа за „Пулс“ заради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите
-

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци
