СЗО бара трета доза по еден до три месеци за сите над 60 години вакцинирани со кинеските вакцини
Светската здравствена организација препорачува трета доза вакцина да се дава 1 до 3 месеци после втората. Според експертите на СЗО со “Бустер” треба да се вакцинираат граѓаните со ослабнат имунитет и лицата над 60 години имунизирани со Кинеските “Синофарм” или “Синовак” и нема да им штети ако е од друг производител. Здравите лица засега не треба да брзаат со третата доза истакаа од организацијата.
-Оние кои ја примиле примарната имунизација со Синофарм или Синовак, има препорака за дополнителна доза која треба да им се понуди на лицата над 60 години, најдобро со истиот производ, но може и друг производ, рече Кејт О’Брајан, директор на одделот за вакцинација на СЗО.
Во Македонија не е дозволено третата доза да се прими порано од 6 месеци од втората.
- Препораката е донесена врз основа на препораки од европските земји и САД и во овој момент нема промена за временската рамка, одговорија од МЗ.
Трета доза кај нас почна да се аплицира пред 2 недели и тоа само од производителот Фајзер. “Бустер” се дава на здравствените работници, лицата над 60 години и граѓаните со сериозни имунолошки заболувања. Но, според податоците од Министерството за здравство слаб е интересот, трет пат против Ковид биле вакцинирани околу 800 граѓани.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
