СЗО бара итна евакуација на болните и ранетите од Алепо

Светската здравствена организација упати апел до меѓунардоната заедница за итна евакуација на стотци болни и ранети лица од сирискиот град Алепо.
Како што јави „Гласот на Америка“, според проценките на СЗО, во воздушните напади и борбите во Алепо само во последниве две неделе биле убиени или ранети на илјада лица, од кои една третина се деца.
- Состојбата е навистина незамислива. Според наводите на здравствените претставници, загинале 338 лица, од кои 106 деца. Во исто време, ранети се 846 лица, од кои една третина или 261 се деца, изјави директорот за хуманитрани опарации на СЗО, Рик Бренан.
Во исто време, организацијата „Лекари без граници“ денеска соопшти дека источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниоците, со офанзивата на сириските владини сили и нивното напредување во градот, се претворил во „голема кланица“.
Сириските владини сили, потпомогнати од руските воздушни напади, вчера започнаа нова офанизва против бунтовниците во Алепо и почнаа да напредуваат кон североисточниот дел на градот.
Обедините нации од своја страна предупредија дека на Алепо му се заканува „хуманитрана катастрофа“ и повикаа на итен прекин на непријателствата.
Сирискиот центар за мониторинг на човекопвите права, со седиште во Лондон, соопшти дека е очигледно оти сириската војска е решена по секоја цена да ја поврати контролата врз Алепо.
Поради жестоките борби во Алепо, во деловите на градот под контрола на бунтовниците се блокирани околу 300.000 лица, кои се соочуваат со недостиг на храна, лекови и електрична енергија.
Според податоците на Центарот, во руските воздушни напади на целата теторија на Сирија за една година загинале над 9.000 лица, меѓу кои и голем број цивили.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
