-->
-->
Switch.mk - прва веб платформа за споредба на цени на пазарот на струја
-->

Регулаторната комисија за енергетика ја промовираше првата веб платформа Switch.mk каде потрошувачите може да ги споредат цените и условите за снабдување со електрична енергија од сите понудувачи.
Switch.mk е наменета пред се за малите потрошувачи и домаќинствата и има за цел да им помогне при нивниот избор на најевтин снабдувач со струја.
Снабдувачите не смеат да испорачуваат струја по цени или услови различни од понудата објавена на Switch.mk.
Засега цени и услови за снабдување објавиле сите снабдувачи но, за компаниите како потрошувачи. За домаќинствата понуда се уште има понуда само од универзалниот снабдувач бидејќи останатите снабдувачи засега не нудат доволно конкурентни цени за испорака на струја кон домаќинствата.
Инаку, од почетокот на годинава пазарот на струја е целосно либерализиран и секој потросхувач може да одбере од која фирма ќе купува струја. За комерцијалните потрошувачи кои излегоа на слободниот пазар стрјата што ја плаќаат е за околу 30% поевтина, додека за домаќинствата се уште е поисплатливо да се снабдуваат од универзалниот снабдувач.
Македонија е првата држава во рамки на Енергетската заедница која воведува ваква функционална алатка.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано