СВР Тетово со апел до земјоделците и сточарите да не палат огнови на отворено

Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве во поширокиот Полошки регион, СВР Тетово уште еднаш упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови. Во текот на последниве два дена регистрирани се три пожари во кои изгореле нискотеблеста шума и вегетација.
Апелот се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите и потоа заминуваат. Често се случува огнот без контрола да се прошири особено кога времето е ветровит.
– Да бидат максимално внимателни, исто така, и оние кои работат во шумите, како и на излетниците, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација, се наведува во апелот на СВР Тетово.
Од таму потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до десет години, зависно од крајните еколошки и други последици.
Отсекот за превенција укжауваат на опасноста од ваквото однесување на поединци и повеќе пати годишно организира состаноци со советодавните граѓански групи. На ове средби посебно се нагласува потребата од максимална внимателност, кога станува збор за палење оган на отворен простор, но и на законските импликации предвидени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Вчера беа регистрирани пожари во атарот на тетовското село Боговиње, покрај патот за Ново Село два, во кои гореле близу два хектари дабова и нискостеблеста шума. Пожар бил пријавен и покрај регионалниот пат Тетово-Јажинце, во атарот на селото Вратница во кој гореле околу сува трева и нискостеблеста вегетација. Пожар на сува трева и нискостеблеста вегатација пријавен е во атарот на тетовското село Одри. Во првиот интервенирале пожарникари, а другите два се самоизгаснале.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
