СВР Тетово лани реализирал девет образовно-превентивни проекти
Девет проекти со превентивно образовен предзнак во кои биле опфатени околу 7000 ученици од Полошко реализирал Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на минатата година. Притоа главен носител беше Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со локалните самоуправи од ова подрачје, ОБСЕ и други граѓански асоцијации, информираше денеска Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
- Главните активности беа насочени кон превенцијата од дрога, трговија со деца, безбедно управување мотоцикл, безбедност во училиштата - за меѓуетнички соживот и толеранција, борба против говорот на омраза, улогата и придонесот на жената во безбедноста и друго. Со минатогодишните проектни активности беа опфатени околу 7000 основци и средношколци од Полог кои повторно претставуваа приоритетна целна група на СВР Тетово во делот на превенцијата, изјави Јосифовски.
Во рамки на превентивните активности од страна на полицијата биле организирани се поголем број средби со претставници од локалните самоуправи и граѓански советодавни групи на кои, како што рече Јосифовски, биле претставени конкретни професионални информации, решенија и искуства на различни теми и за актуелни прашања и проблеми од секојдневието.
Тој најави дека ваквите активности ќе продолжат и годинава како исклучително значајни за севкупното полициско функционирање на пошироките полошки простори, издвоено или комбинирано со други форми и методи, со цел да се подобрат или унапредат одредени состојби од безбедносна природа.
Ново на Сител
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид