СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанка за „даночно затајување“
Единицата за економски и компјутерски криминал- СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(56), поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „даночно затајување“, казниво по член 279 од Кривичниот законик.
Пријавената Н.Ј. во текот на 2018 година во 63 наврати реализирала приливи на девизни парични средства од повеќе физички лица од Р.Турција, по пат на брз трансфер на пари, во вкупен износ од 25.750 евра или 1.583.655 денари при што, со намера да одбегне плаќање на персонален данок на доход во износ од 10% од износот на примените средства, не ги пријавила како друг доход и не поднела годишна даночна пријава за 2018 до Управата за јавни приходи.
Имено пријавената, согласно одредбите на член 12 од Закон за персоналниот данок на доход, била должна за овој износ да пресмета и плати персонален данок на доход во износ од 158.365,575 денари, кој претставува „износ од поголема вредност“, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право