-->
-->
СВР Скопје: Казнети 51 возач поради поголема брзина од дозволеното, исклучени 13
-->

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои 12 управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет возила биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотоцикл, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции