СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот, за само два дена на патиштата има две жртви
За само два дена од Новата 2023 година на подрачјето на Полициската станица-Штип во сообраќајни несреќи загинаа две лица.
На првиот ден од Новата година загина 21 годишно момче од Скопско, а синоќа 37 годишен маж од Пробиштип во судир меѓу автобус и возило Опел астра, во кој бил сопатник.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција вели дека возачот на автомобилот е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Панајотова истакна дека продолжуваат со засилени акциски контроли на патиштата, кои се на подрачјето на СВР-Штип.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот на крајна внимателност и одговорност, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината спрема временските прилики (магла) и состојбата на коловозот, бидејќи секое непочитување може да заврши со сериозни и фатални последици, вели Панајотова.
Посочува дека лани на подрачјето на СВР-Штип загинале 14 лица, а идентичен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи во овој регион и во 2021 година.
Ново на Сител
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
-

Француската полиција приведе 326 лица по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите
-

Трамп: САД и Иран наскоро може да постигнат мировен договор
-

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта
-

Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
