СВР Охрид со превентивна кампања за безбедни матурски прослави
Секторот за внатрешни работи Охрид во пресрет на матурските прослави, стартуваше со превентивно-едукативна кампања за безбедни матурски вечери.
Претставници од Оделението за превенција од денеска ќе бидат во средношколските центри во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, и со матурантите ќе разговараат за неопходните мерки за безбедност при одржувањето на матурските прослави.
И оваа година полициски службеници ќе се грижат за безбедно и непречено одржување на матурските вечери на целото подрачје што го покрива СВР Охрид. Во таа насока, со планираните безбедносни мерки, покрај учениците, ќе бидат запознаени и советодавните групи граѓани, училишните одбори, раководните и стручни служби во училиштата, а посебни средби се планирани со агенциите за обезбедување, угостителските објекти и со други чинители, што е во согласност со концептот за полициско работење во заедницата.
Планираните мерки, како што ионформираат, се преземаат со цел елиминирање на можностите за нарушувања на јавниот ред и мир и појава на други асоцијални однесувања, како и спречување на управување на моторни возила под дејство на алкохол или психотропни супстанци.
Низ видео - презентации, матурантите ќе се запознаат со законскиот процес на стекнување на правата и законските одговорности, со обврските за почитување на законите за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за безбедност на патиштата, кривичниот законик како и со другата законска легислатива во Република Македонија. Пред учениците-матуранти, ќе се презентираат и законските обврски на полициските службеници.
СВР Охрид, слични активности ќе презема и за безбедно одвивање и на полуматурските прослави на целото подрачје.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар