СВР-Битола пронајде и одзеде 23 килограми марихуана
СВР-Битола информира дека синоќа околу 22:00 часот на патот меѓу селата Стење-Царев Двор, во близина на селото Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г (46 г.) и В.А (56 г.), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид.
Посочените лица, со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „Мерцедес“ побегнало од местото, при што во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана.
Лицата Б.Г. и В.А. се приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети се одземени за понатамошна постапка. СВР-Битола преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Последен ден расправа за законот за попис
-
Мицкоски: Власта спрема пописен фалсификат
-
Бугарија испрати демарш за запаленото бугарско знаме во Вевчани
-
Новиот состав на ДИК положи заклетва
-
Угостителите бараат протоколи за работа а не ограничување на работното време
-
Оптимизмот се враќа кај тутунарите
-
Земјотрес со јачина од 6.2 степени регистриран во Индонезија, загинати се најмалку 35 лица
-
Собраниската расправа за Законот за попис завршува утре – Опозицијата бара законот да се повлече