Македонија
6. July 2018 - 13:19

СВР-Битола поведе истрага за кражбите во неколку цркви во Демир Хисар

СВР-Битола поведе истрага против непознат сторител или сторители кои во периодот од 1 до 5 овој месец извршиле повеќе тешки кражби во неколку цркви во општина Демир Хисар.

Кражбите се извршени во манастирот „Свети Антониј“ и црквата „Св.Атанас“ во селото Стругово, во црквата „Света Богородица“ во селото Прибилци, во манастирот „Успение на Пресвета Богордица“ во селото Суводол и во црквата „Свети Никола“ во селото Слепче.

Од СВР-Битола информираат дека со извршените дела е направена материјална штета во износ од околу 14.000 денари.