СВР Битола поднесе кривична против лице за дистрибуција на детска порнографија | Сител Телевизија
Македонија
21. March 2018 - 19:17

СВР Битола поднесе кривична против лице за дистрибуција на детска порнографија

49 – годишниот битолчанец П.П. се сомничи за производство и дистрибуција на детска порнографија. Битолската полиција го открила средивечниот педофил по дојава на сознанија од колеги од друг сектор на МВР каде постоеле сомнежи дека пријавениот оперирал извесен период. На 14 февруари полицијата влегла во домот на П.П. и при претресот бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија.

Во Регистарот на педофили во кој со слика и податоци се објавуваат правосилно осудените сексуални деликвенти, помеѓу оние со адреса на живеење во Битола, не се појавува лице со иницијали П.П. Неофицијално, станува збор за неоженет битолчанец, вработен и добро ситуиран кој сега се соочува со можноста да одлежи најмалку пет години затвор.