Свирепо убиство ја потресе Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А.(53) од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Убиство“ по чл. 123 ст.2 т.1 од КЗ на РМ.
Настанот се случил во текот на ноќта на 24/25.01.2017 година во точно неутврдено време, пришто пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото
тело и на тој начин го лишил од живот С.Д. (48) од Битола, со кого заедно живеел во иста куќа на ул.“4-ти Ноември“ во Битола.
Пријавениот со намера да го прикрие ова свирепо убиство, во времето околу 05,50 часот на 25.01.2017 година се упатил во соседната куќа, барајќи помош кажувајќи дека непознати лица ги нападнале додека спиеле, по што истиот е хоспитализиран во Клиничка болница во Битола, поради укажување медицинска помош, заради повредите за кои изјавил дека настанале при тој напад.
На местото на настанот увид извршил јавен обвинител од Битола како и увидна екипа од ОКТУПА при СВР Битола.
Од увидот, од извршените вештачења како и од обавените разговори со повеќе лица, вклучително и со пријавениот, констатирано е постоење основано сомнение дека П.А. е сторител на кривичното дело.
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
