Светските медиуми не покажаа интерес за изрекувањето на пресудата за Ратко Младиќ
Изрекувањето на пресудата за командантот на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, кој денеска е осуден на доживотен затвор, не беше главна вест во светските медиуми.
Интересот на светските медиуми за воените злосторства во Босна и Херцеговина беше во втор план поради политичката криза во Зимбабве.
Тема на денот на Би-Би-Си е смената на власта во Зимбабве, а како најважна вест на Си-Ен-Ен е видео снимката од севернокорејскиот војник кој пребега Јужна Кореја.
Францускиот весник „Монд“, како и Би-Би-Си најголемо внимание посветува на Зимбабве, додека за „Раша тудеј“ главна вест е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со турски и ирански колега Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Сочи. Средбата е посветена на „долгорочно решение“ на судирот во Сирија.
Ниту новинските агенции АП, Ројтерс и ТАСС на своите сајтови немаат вест за Ратко Младиќ.
Изрекувањето на пресудата за воениот лидер на босанските Срби е главна вест во балканските медиуми, кои од своите позиции потсетуваат на случувањата во БиХ за време на војната (1992 -1995).
Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го осуди Младиќ на казна доживотен затвор. Станува збор за првостепена пресуда, на која жалба ќе може да поднесат и Хашкото обвинителство и одбраната на Младиќ.
Тој е осуден за геноцид во Сребреница, прогон на муслимани и Хрвати ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на жителите на Сараево и киднапирање на припадници на Мисијата на Обединети нации - Сини шлемови и низа други злосторства. Тој не е виновен за геноцид во седум општини во БиХ.
Со пресудата за Младиќ, Хашкиот трибунал завршува со работата.
Ново на Сител
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ