Спорт плус
31. October 2022 - 19:52

Светскиот шаховски првак Карпов во кома

Поранешнито светски шаховски првак  Анатолиј Карпов, се наоѓа во болница. Тој е во кома откако паднал и се повредил во близина на руската Дума во Москва.
 
Карпов е пронајден без свест, а бил и во очигледна алкохолизирана состојба кога бил примен на интензивна нега во Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.
 
„Мојот татко е сериозно повреден откако имал пад. Во моментот е во вештачка кома“, објави неговата ќерка.
 
71-годишниот Карпов е поранешен светски првак во периодот од 1975 до 1985 година. Тој освои уште три титули во организација на ФИДЕ, во 1993, 1996 и 1998 година.