-->
-->
Светскиот куп за Лара Гут
-->
Совршен настап имаа скијачките од Швајцарија на последната комбинација оваа сезона која се одржа во Линцерхајде. Венди Холендер победи во комбинација и го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина, додека Лара Гут која заврши на третата позиција го обезбедиголемиот Кристален глобус како вкупна победничка во Светскиот куп.
Холендер, во директниот дуел со сонародничката Гут славеше за 47 стотинки. Таа ја забележа втората победа во сезоната и воопшто во кариерата.
Задоволна по комбинацијата во Линцерхајде е и Лара Гут, која стана првата Швајцарка по пауза од 21 година која успеала да го освои Светскиот куп. Пред Гут, големиот Кристален глобус, во 1995 година, го освои Вероника Шнајдер.
Сезоната во Светскиот куп, во женска конкуренција, ќе заврши наредната недела во Сент Мориц каде ќе се возат три трки, во спуст, слалом и велеслалом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени