Светски самит на донер во Скопје
Околу 100 деловни луѓе од 20 земји се очекуваат на Светскиот самит на донер што ќе се одржува утре и задутре во Скопје.
Настанот го организира Меѓународното здруженије на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опрема со седиште во Република Турција.
Во двата дена ќе се промовира деловниот потенцијал на оваа стопанска гранка која според организаторите е можност за отворање нови бизниси, но ќе се барат и партнери за заеднички вложувања во Македонија и регионот.
На Самитот ќе биде изложена и донер-опрема од 12 производители, а првиот ден, согласно програмата, за присутните од 14 часот е предвидена работилница од отворен карактер.
Меѓународно здруженије на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опремата брои 250.000 членки, и ја преставува светската индустријата на донер со годишен обрт од еден трилион американски долари и 500 милиони оброци дневно.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица