Свет
30. July 2015 - 9:52

Светски ден за борба против трговијата со луѓе

Со Резолуција на Генералното собрание на ОН усвоена во 2013 година, 30 јули е прогласен за Светски ден за борба против трговијата со луѓе. 

Трговијата со луѓе е глобален проблем и еден од најсрамните форми на криминал во светски рамки, која влијае врз животите на милиони луѓе ширум светот и го одзмена нивното човечко достоинство.

Според ОН, овој ден пружа можност ширум светот да се преземат мерки за ставање крај на ова злосторство и да се покаже солидарност со жртвите на трговијата со луѓе.

Трговците со луѓе заведуваат жени, мажи и деца од сите делови на светот, кои секојдневно се принудени на експлоатација.

Најпозната форма на трговија со луѓе е сексуалната експлоатација, а многу од жртвите на оваа појава се принудени на присилна работа, куќно ропство, питачење и продажба на органи.