Светски ден на предвремено породување

Информации за предвременото породување и за предизвиците со кои се соочуваат предвремено родените бебиња и нивните семејства ќе понудат денеска на штанд во Скопје сити мол клубот на родители „ПремНова“ и Здружението „Лулка“ по повод 17 ноември - Светскиот ден на предвременото породување.
Овој ден го одбележуваат, пред се, родителите преку голем број национални родителски организации во речиси сите држави во светот, но и здравствените работници на одделите кои работат со предвремено родените бебиња и целата јавност.
Според податоците на „Лулка“ 10 до 15 проценти од сите новородени се раѓаат предвреме. Значајно е тоа што речиси 50 проценти од сите предвремени породувања настануваат од непознати причини, но има и бројни познати ризик-фактори кои треба да ги знаеме за да го превенираме или предвидиме предвременото породување. Предвременото породување може да му се случи секому, а она што следи потоа е исклучително тежок период за предвремено роденото бебе и за неговото семејство, соопштуваат од здружението.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
