Светски ден на палијативната грижа, расте бројот на пациенти на кои име потребна заштита

Светскиот ден на палијативната грижа – 12 Октомври годинава се одбележува со пораката „Моја грижа, мои права“,
Целите се зголемување на достапноста на хоспис и палијативна грижа низ светот со креирање на можности за јавно говорење за предизвиците, подигнување на свеста и разбирањето на потребите – медицински, социјални, практични и духовни, на лицата кои живеат со лимитирачки болести и нивните семејства, како и поттикнување фондови за поддршка и развивање на хосписите и палијативната грижа за лицата со лимитирачки болести и нивните семејства.
ЈЗУ специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје е единствена уставнова кај нас која обезбедува геријатриска и палијативна заштита. Има капацитет од 75 кревети, а како што велат оттаму и во светот и кај нас расте бројот на пациенти на кои им е потребна палијативна заштита.
Наведуваат дека од минатата година функционира и палијативна амбулатна, а следна цел е да се прошират службите за палијативно згрижување во домашни услови.
Палијативната зашита има за цел да контролира болка, ублажување на страдањето, поддржување на достоинството и подобрување на квалитетот на живеење. Таа не е ограничена во однос на возраста, видот на заболување или патологијата.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
