Светски ден на крводарителството

Под мотото „Крвта не спојува сите нас - Сподели живот, дарувај крв!“, Црвениот крст на Град Скопје со низа активности денеска ќе го одбележи 14 Јуни - Светски ден на крводарителството.
На улицата „Македонија“ ќе биде поставена изложба на кретивини постер решенија произлезени од објавениот конкурс во соработка со здружението на графички дизајнери „Плакарт“, за изработка на идејно решение на тема „Дарување крв, младост, хуманост„ чија цел е промоција на крводарителството, мотивирање и поттикнување на младите. Активноста е дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Трансмет- Скопје.
Изложени ќе бидат 30 идејни решенија, пристигнати од Македонија, Индија, Кина, Иран, Еквадор, Полска... На настанот ќе присуствуваат младите од Клуб 25 и членови на Клубот на крводарители на Црвениот крст на град Скопје.
На минувачите ќе им бидат поделени информативни и едукативни материјали, а на настанот ќе биде присутна и екипа од Институтот за трансфузиона медицина која ќе им одредува крвна група на заинтересираните граѓани.
Организиран ќе биде и квиз, со награди како мотивација за оние кои знаат најмногу за крводарителството.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
