Светски ден на бубрегот

Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН денеска организира одбележување на Светскиот ден на бубрегот - 9 март. Темата за оваа година е бубрежните заболувања и прекумерната телесна тежина.
Светскиот ден на бубрезите се фокусира на здравјето на бубрезите во целиот свет, а во Македонија се одбележува 12 години
Одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот е денот кога го посетуваме населението да обрне внимание на ризик факторите кои влијаат врз појавата и прогресијата на бубрежните заболувања. Следејќи ги светските иницијативи кои истакнуваат дека бројот на лица со прекумерна телесна тежина се зголемува и дека оваа состојба е ризик фактор за бубрежните заболувања, овогодинешната кампања е посветена токму на оваа тема.
Светскиот ден на бубрезите се одбележува во соработка со Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството од државните институции во РМ (Министерството и Фондот за здравствено осигурување), МАНУ и други здравствени установи, организации и со поддршка на медиумите, традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот.
Хроничната бубрежна болест (ХББ) која е застапена кај 10 отсто од населението во светски рамки, а се предвидува да се зголеми за 17 проценти во текот на следната деценија е глобално здравствено прашање и клучна тема која се третира низ одбележувањата на Светскиот ден на бубрезите во изминатите години. На полето на подигнување на свесноста за значењето на ХББ, можностите за превенција, рано откривање, соодветен третман и спречување на компликации од истата останува многу да се работи.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
-

Бизнисот брои штети, Комората смета дека блокадите не се решение
-

Гости во „Пулс“ сведочеа дека дискотеката немала помошен излез, не се издавале ниту фискални сметки
-

Претставено кипарско претседателство во Собранието, власта и опозицијата се докажуваа кој е поголем Европеец
-

Враќање на довербата во народниот правобранител - приоритет на Сељами кој ја превзема функцијата
