Светската јавност во неверување од деталите- уапсен човекот осомничен за смртта на Емилијано Сала

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала трагично го загуби животот во пад на авион пред пет месеци.
Смртта на Сала го потресе фудбалскиот свет, а авионот се сруши на пат од Нант кон Кардиф каде Аргентинецот требаше да ја продолжи својатакариера. Меѓутоа, неговиот фудбалски сон беше прекина на најлошиот можен начин, а телото на Сала беше пронајдено дури по неколку недели потрага…
Светската јавност денеска беше потресена од веста дека во Англија е уапсен 64-годишен маж кој се сомничи за смртта на несудениот играч на Кардиф. Истрагата на британската полиција доведе до овој маж од северен Јоркшир и тој е уапсен.
Тој се товари дека е одговорен за смрттана Салах и се уште е на испитување, а повеќе информации за целата ситуација ќе бидат познати кога ќе се огласат луѓето кои работат на овој случај. Сала почина од тешки повреди на главата и градниот кош, а неговото тело е идентификувано со помош на отпечатоци од прсти.
Со авионот управуваше 59-годишниот пилот Дејвид Иботсон чие тело не е пронајдено. За потсетување, телото беше пронајдено неколку недели понесреќата во остатоците од авионот кој се наоѓаше на дното од морето во каналот Ламанш.
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
