Светската банка прогнозира раст на глобалната економија од 3,1 процент во 2018 година
Светската банка прогнозира раст на глобалната економија од 3,1 процент оваа година, што е најдобар нејзин резултат во последните седум години. Ова се наведува во извештајот на банката објавен вчера.
Банката ја зголеми за 0,3 процентни поени својата прогноза за растот на глобалната економија во 2018 година во јуни.
- Светскиот раст е посилен отколку што предвидовме, изјави Ајхан Косе, економист во Светската банка.
Оваа година има „добри шанси" да стане првата година по финансиската криза од 2008 година, во која светската економија ќе работи речиси со целосна моќ, истакна експертот, главен автор на шестмесечниот извештај за светската економска конјунктура.
За 2019 година Светската банка прогнозира стабилен раст од 3 отсто, а за 2020 година очекувањата се 2,9 отсто.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?