Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво
Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација.
Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата година. Јаглерод диоксидот се акумулира побрзо од кога било во атмосферата, зголемувајќи се за повеќе од 10 проценти за две децении.
– Уште една година. Уште еден рекорд. Ова треба да биде повик за будење за носителите на одлуки. Очигледно заостануваме зад целта на Парискиот договор за климата од 2015 година, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација, Селест Сауло.
Таа додаде дека глобалните температури на копно и море во 2023 година беа највисоки забележани од 1850 година.
Земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување на помалку од два степени над прединдустриските нивоа, дури и до 1,5 степени ако е можно.
– Сè додека продолжуваат емисиите, стакленички гасови ќе продолжат да се акумулираат во атмосферата, зголемувајќи ги температурите, се наведува во извештајот на Светска метеоролошка организација.
Годишниот извештај на Светската метеоролошка организација за стакленички гасови е објавен во пресрет на КОП29 – следниот Самит на ОН за климата, што ќе се одржи од 11 до 22 ноември во Баку.
Ново на Сител
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Коцевски го доби предлогот за негово разрешување - тврди дека нема правен основ
-
Маржи и до 70% откриени кај дистрибутери - пазарна на терен
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се во координација со ССМ
-
Трет правосуден форум за родова еднаквост во Западен Балкан
-
Таравари: Владата ќе реши дали албанска компанија ќе го земе паркингот кај Клиничкиот центар
-
Реновиран спрат на инфективната клиника
-
Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени