Бизнис
7. October 2016 - 19:45

Светот во празнува денот на пристојна работа - Работничките права кај нас се уште ретко се почитуваат

Правата на работниците се почитуваат во  јавниот сектор, но  во приватиот сеуште се кршат. Пристојната работа  не е довоно застапена во земјав, велат синдикалните работници.  Во државниот сектор е подобрена отакако се потшиша договорот за социјален дијалог. Денеска се одбележува светски ден  на пристојна работа.

И од сојузот на синдикати на Македонија  потенцираа дека и годинава посветено ќе работат  на остварување на национланата програма за пристојна работа 2015 -2020 .

-Соочени со економски кризи и со опасноста од глобализацијата на капиталот, корпоративната алчност на компаниите и нерамноправната распределба на добивката, ќе го мобилизираме своето членство за остварување на правото на колективно преговарање и синдикално организирање, за сигурни работни места и достоинствени плати, социјална заштита за сите, остварување на темелните човекови права, демократија и социјална правда, безбедни услови при работа, заштита на посебната категорија работници, жени, лица со посебни потреби и здрава животна средина, се наведува во соопштението од ССМ.

Синдикалните работници посочија дека е регистрирано благо  намалување на бројот на пријави за мобинг и стравот кај работниците за негово пријавување што се должи на раздвижувањето на пазарот на трудот и намалувањето на стапката на невработеност. Сепак и натаму има  вработени кои не пријавуваат мобинг стравувајќи дека ќе го изгубат работното место и ќе останат без приходи.  За синдикалците достоинсвената работа е важна за равојот на  економијата.